Луис Суарез е најновата аквизиција во тимот на Атлетико Мадрид. Шпанскиот тим од „црвено-белиот“ дел од градот, го претстави уругвајскиот голгетер кој доаѓа од редовите на Барселона.
Со тоа заврши „сагата“ на Суарез, кој долго време беше поврзуван со трансфер во Јувентус. Но, поради тоа што тимот од Торино ја исполни квотата со странски играчи, беше невозможно тој да потпише за Јуве. Проба да извади и италијански пасош, меѓутоа тоа е процедура која ќе траеше.
Во меѓувреме Јувентус го врати Алваро Мората, и со тоа практично Суарез доаѓа како замена за него во тимот на Атлетико.
Претходно Суарез настапуваше во тимовите на Ливерпул и Ајакс.
