5.537 граѓани го донирале својот поврат на ДДВ во здравствениот сектор.
Ова на прес конференција го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Таа вели дека во тешкиот период кога државата се соочила со економската и здравствената криза од ковид-19, апликацијата „МојДДВ“ го покажала и хуманиот аспект.
„Со законски измени на корисниците на „МојДДВ“ им понудивме опција за донирање и горда сум што дел ја искористија, со што 5.537 граѓани својот поврат на ДДВ го донираа во здравствениот сектор во износ од 5,8 милиони денари“, посочи Лукаревска.
