Лукаревска: Кај угостителството е забележан пад од 50 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21 не прецизираше што се наоѓа во петтиот сет на владини мерки, но посочи дека треба да се направат соодветни анализи за тоа колкав пад на приходи има кај оние најзасегнати гранки како што се угостителството, трговијата, туризмот и транспортот.

Таа вели дека забележан е пад од 50 отсто кај угостителството.

„Ние ги гледавме тие анализи уште на самиот старт на пандемијата и има пад од околу 50 отсто од приходите согласно она што го имаме преку ГПС системот како слика“, посочи Лукаревска.

Таа истакнува дека постепено ќе се следат трендовите бидејќи сега се зголемува нивното работно време, па ќе треба заеднички да најдат соодветни решенија.