Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги покани претседателите на Соединетите Американски Држави, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, да дојдат во Минск и да одржат преговори за постигнување мир и ставање крај на војната во Украина.
Лукашенко во интервју рече дека нема потреба да се врши притисок врз Зеленски, и дека е важно да се постигне договро со него.
„Нема потреба сега да го притиската Зеленски. Треба да се договориме со него. Ако сакате – дојдете. Минск е блиску до Киев, а ги чекам и Трамп, Путин и Зеленски, ќе седнеме и мирно ќе се договориме“, рече Лукашенко.
