Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, е предложен да биде нов вицепремиер во борба против корупцијата. Тој ова го објави на Фејсбук самиот објави дека бил предложен за вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

„Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре“, напиша Николовски.