Најголемиот музеј во светот, Лувр во Париз, денес ги отвори вратите за посетителите, еден ден по грабежот во кој беше украден скапоцен кралски накит, изјави прес-службата на музејот за француската телевизија BFMTV.
Сепак, Лувр изјави дека некои делови од музејот денес нема да бидат достапни за посетителите, без да прецизира за кои простории станува збор.
Во недела, на 19 октомври, крадци ја нападнаа галеријата Аполо, во која се наоѓа скапоцената колекција накит на поранешното француско кралско семејство.