Македонска навигација (М-НАВ) успешно го отстрани стариот радар на Меѓународниот аеродром Скопје, користејќи го периодот на густа магла и намалена фреквенција на летови за да го заврши овој значаен инфраструктурен зафат.
Од М-НАВ информираат дека активностите се спроведени токму во услови на намалена прегледност, претворајќи го неповолното време во предност.
„Овој период беше оптимално искористен за комплетно и безбедно приведување кон крај на зафатите, без никакво влијание врз динамиката на воздушните операции“, велат од компанијата.
Со оваа фаза и официјално се комплетира процесот на демонтажа на стариот и нефункционален радар. Ова расчистување на теренот е неопходен чекор што го отвора патот за следната голема инвестиција – поставување на нова, модерна радарска опрема.
