МААЕ: Нуклеарна централа работи под руски наредби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Украина ја информирала дека редовен персонал сè уште работи со централата, но тие сега се под наредба од командантот на руските сили таму, пренесува Би-Би-Си.

Украина, исто така, и соопшти на МААЕ дека руската војска на локацијата исклучила некои мобилни мрежи и интернет, што ги прави комуникациите многу предизвикувачки.

Нуклеарното регулаторно тело на земјата вели дека се соочило со големи проблеми при контакт на персоналот во централата.

И покрај ова, регулаторот можеше да потврди дека нивото на радијација таму останува нормално.