Маче со два пара уши стана хит на Инстаграм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дека разликите се она што не прави убави, докажува и ова маче родено со двојни уши.

Мидас е маче кое било спасено од улица, а набргу откако се појави на Инстаграм стана вистински хит поради својата необичност.

Ова 4-месечно крзнено милениче е комбинација од обична и руска сина мачка, а единствено е по своите двојни уши.

Помалите уши, кои потекнуваат од десните, се деформитет поврзан со рецесивна генетска мутација на неговите родители.

“Покрај тоа што е премногу слатко, неговите двојни уши не влијаат на слухот или однесувањето. Тој е прекрасно, разиграно суштество”, рекол сопственикот кој неодамна го посвоил.