Мадуро прогласи победа на претседателските избори во Венецуела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Николас Мадуро е победник на претседателските избори во Венецуела, со што го освои третиот мандат како шеф на државата. Изборниот совет ги објави делумните резултати според кои Мадуро освои нов мандат.

Елвис Аморосо, шефот на Националниот изборен совет соопшти дека после 80% обработени гласови, актуелниот претседател има освоено 51,2%, а неговиот конкурент Едмундо Гонсалес 44,02%.

Опозицијата обвинува за бројни нерегуларности и измами при броењето на гласовите и најави дека ќе ги оспори резултатите. Се обедини зад Гонсалес за да го симне од власт Мадуро, кој е претседател веќе 11 години.