На Ајше Авдији од Скопје пасија и се автомобилите.
Мајка е на две деца, но покрај обврските, љубовта кон автомобилизмот и дрифтингот никогаш не ја напуштиле.
Без двоумење излезе на терен за да ни покаже како се изведува дрифтинг.
За да направи дрифт, со левата нога го притискаш квачилото и на крај педалата за гас, потоа го пушташ квачилото и колата почнува да се врти.
За ТВ21 таа раскажува за предрасудите со кои се соочува кога ќе видат дека е единствена жена на Тјунинг Шоу, но поддршката од сопругот и семејството ја мотивираат да не се откаже.
-Желбата ми е уште од кога бев малечка, секогаш ги сакав автомобилите. Идејата се роди после сите жртви во животот, школување, факултет, работа поради финансиската состојба, на татко ми не можев да му барам многу бидејќи ме школуваше, а откако се омажив заедно со сопругот сфативме дека на двајцата ни се допаѓаат спортските автомобили, изјави Ајше Авдији.
Кога автомобилот има некаков дефект, таа сама го поправа. До денес, вели дека не предизвикала никаква сообраќајна незгода.
-До денес, фала му на Бога, не сум направила сообраќајна незгода, овој спорт е многу скап. Додека настапував со американскиот автомобил на Тјунинг шоу немав многу трошоци, можеби секоја година да се направи некаква промена за модификација, но не беше многу скапоно и ако беше скапо, за една година се трудам да соберам пари за да ја направам потребната промена на автомобилот што го имам. За автомобилот за дрифтинг, горењето на гумите или ако патувам за Албанија и Косово, тоа се можеби поголеми трошоци, изјави Ајше Авдији.
Со овој модифициран автомобил, Ајше добила над 20 награди.
