Додека многумина се борат со секојдневните предизвици, семејството Младеновски води вистинска битка за опстанок.
Дивна Младеновска и нејзиниот син, кои живеат во стара и распадната куќа, се соочуваат со екстремна сиромаштија и сериозни здравствени проблеми.
Нивната приказна е сведоштво за нехуманите услови во кои живеат.
„Живееме во стара куќа, кровот ни тече, се гледа ведро небо“, раскажува Дивна, опишувајќи ги очајните услови.
Покрај ова, нивната куќа е без електрична енергија, а семејството преживува со вкупно 11.000 денари месечно – по 5.500 денари за секој од нив.
Оваа сума е далеку од доволна за основните животни потреби, а уште помалку за лекување.
Таа се бори со тешка тромбоза на ногата, состојба која, според приложените медицински документи, бара итен доплер преглед.
И покрај тоа што примила 21 инјекција „клексан“, пие „аспирин“, „дивен“ и користи масти, нема подобрување.
Сомнението е дека можеби има пукната вена или артерија, но приватните клиники бараат 25.000 денари за дијагноза, сума која е недостапна за семејството.
Покрај физичките болести, Дивна се справува и со сериозни психички проблеми, за кои пие повеќе видови лекови: „лирика“, „митразепин“, „заласта“ и „димитрин“.
Ситуацијата на синот е исто толку загрижувачка.
Тој страда од психички проблеми, несоница и стрес. Иако пие неколку видови лекови – „хелекс“, „риспиридон“, „депакин“ и „мелатонин“ – спие само по 3 до 4 часа ноќе.
Дополнително, тој е пациент со дијабетес и висок крвен притисок, за што прима „хумалог“ и „тресиба“ инсулин, како и лекови за срце, висок холестерол и железо.
Семејството апелира за помош до јавноста, бидејќи очигледно е дека не можат сами да се справат со оваа ситуација.
Имаат потреба од помош за покрив на куќата, плаќање на сметките и средства за лекување.
Во прилог на сторијата се приложени банкарски сметки за оние кои сакаат да помогнат:
Девизна сметка (на име на Дивна Младеновска):
• Банка: Стопанска банка АД Скопје
• IBAN: MK07200004262956380
• SWIFT: STOBMK2X
• Валута: ЕУР