Македонец примил тест вакцина за Ковид-19, со вакцината ќе се вакцинираат околу 1.000 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред две недели се пријавил доброволно како волонтер и за неколку дена бил повикан да ја прими тест вакцината против корона вирусот. Македонецот Бранко Андреевски работи како таксист во Англија и така успеал да дознае за информацијаат околу тестирањето на оваа вакцина. Вели дека како и сите други вакцини, така и оваа ја примил во пределот на раката во рамото.

„Вакцината ја примив минатата недела на 29 април. Понатаму следуваа неколку медицински прегледи и тестирања. Секојдневно се подготвува електронски дневник за секојдневната здравствена состојба. Немам никакви здравствени последици и се чувствувам добро, а немам ни промени во секојдневниот живот“, рече Андреевски.

Андреевски истакна дека во оваа прва фаза со која се испитува тест вакцината против корона вирусот, ќе бидат вакцинирани околу 1000 волонтери на возраст од 18 до 55 години.

„Идејата за да се вакцинирам ја добив по некои случајни разговори со истражувачи кои работа на случајот за изнаоѓање вакцина и без да размислувам решив да се пријавам на пробното вакцинирање“.
Според информациите на Андреевски, повозрасните и лицата со хронични заболувања ќе бидат вклучени во наредната фаза за вакцинирање со тест вакцината на научниците од Универзитетот Оксфорд.