Младиот бодибилдер Стефан Ѓоргиев се закити со нова титула – официјален германски шампион.
Овој 21-годишен штипјанец го зема првото место на Германското првенство кое се одржи вчера, и со тоа си обезбеди пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во Шпанија, на 01.06.2024 година.
Според неговите претходни изјави, Ѓорѓиев со овој спорт започнал да се занимава од седум и пол годишна возраст.
