Македонија без Илија Несторовски ќе настапи на Европското првенство во фудбал. Несторовски вчера мораше да ги оперира лигаментите на коленото, и со тоа неговиот сон за настап на ЕП заврши.
Несторовски се повреди на нешто повеќе од еден месец пред ЕП во кое Македонија ќе игра со Австрија, Украина и Холандија. Против Австрија и против Украина ќе игра во Букурешт, а против Холандија во Амстердам.
Засега нема други најави за отсутни играчи од националниот тим на ЕВРО 2021 година, кое беше обезбедено преку Лигата на Нации и победата над Грузија од 0:1.
