Македонија денеска ги добива ривалите во квалификациите за Светското првенство 2026

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе ги дознае ривалите во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Македонија е сместена во третиот шешир заедно со Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, БИХ и Израел. Тоа се ривали со кои нашата репрезентација не може да се падне.

Квалификациите започнуваат во март идната година, и завршуваат во ноември, а потоа ако има потреба од баражи, во март 2026 година.

Ждрепката ќе се одржи во Цирих во 12 часот по македонско време.