Семејството Рамадани живееше во оваа колиба без елементарни услови за живеење.
Но денеска ова семејство се радува на нова куќа.
Објектот ги исполнува сите основни услови за живеење, има две спални соби, бања и дневна соба. Бафтије Рамадани заедно со нејзините 2 сина е среќна што веќе нема да се плаши од зимата која доаѓа.
Оџата во селото, Ќамил Рамадани, како и нејзините роднини, се заблагодаруваат на сите хумани луѓе кои дале придонес за изградба на куќата.
„Како што гледаме, куќата на семејството Рамадани, конкретно на Сефадин Рамадани заврши и ги исполнува сите услови за живеење. Им се заблагодарувам на сите кои дале придонес за овој проект, посебно иницијаторот на овој проект Здружението Зајас Теќе со седиште во Швајцарија, на сите наши сограѓани и на сите тие кои придонеле, и на разните компании кои помогнаа.“, вели Ќамил Рамадани, оџа во селото.
Куќата беше изградена за рекордно време, односно за три месеци. Оџата се заблагодари на Здружението и на ТВ21 поради тоа што ја извести јавноста за маките на семејството Рамадани.
„Беше многу брзо, дел од парите ги имаше и Здружението Зајаз Теќе, откако ја слушнале веста и во ТВ21 исто така се сензибилизираа и граѓаните и здруженијата.“, рече Рамадани.
Мајката Бафтије заедно со синовите им се заблагодарува на сите кои не дозволија зимата да ја поминат во колиба.
„Од сите места придонесоа, многу им благодарам на сите кои ни помогнаа, на здруженијата, печалбарите, на сите, им благодарам и на селаните.“, вели Бафтије.
„Им благодарам на сите, Господ да ги награди. Благодарам и на здружението, на сите.“, рече Сефедин Рамадани.
Иницијативата за изградна на куќа за семејството ја почна Хуманитарното здружение Зајас Теќе, а во септември ТВ21 емитуваше прилог за состојбата на семејството Рамадани по што хуманите луѓе собраа фондови и куќата беше завршена за 3 месеци и сега таму среќно живее семејството Рамадани.