Македонија испушти победа над Исланд: Од 0:2, само до еден бод (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот национален тим испушти голема победа во Исланд, во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година. Македонија имаше водство од 0:2, имаше контрола на играта, меѓутоа во финишот Исланд со два гола стигна до 2:2.

Се добро почна кога Велковски во 12. минута со глава донесе водство. Македонија тргна и по втор гол и имаше шанси преку Алиоски и Костадинов, но не реализираше.

Во вториот дел Алиоски во 57. минута донесе 0:2. Со удар од 22-23 метри, го најде патот до мрежата.

И кога се чинеше дека ќе дојдеме до победа, следуваше грешката на Димитриевски, лошата интервенција и Бјарнасон носи 1:2.

Македонија не успеа до 1:3, Трајковски ја погоди стативата, а потоа Гудјонсен по една акција од левата страна постигна гол за 2:2.

Имавме шанса во финишот по ударот со глава на Чурлинов, но Бјарнасон реагираше во последен миг и спаси чист гол.

И натаму немаме победа во септемвриските квалификации, откако пред три дена на домашен терен одигравме 0:0 со Ерменија. Следен меч ни е со Романија во среда во Скопје.