Македонија испушти победа над Велс во последните секунди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација одигра нерешено 1-1 против селекцијата на Велс во квалификацискиот натпревар од 2. коло за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Мирно беше на теренот се до последните мигови и судиското надополнување, кога се случија двата гола.

Македонија поведе со голот на Миовски во 91. минута по големата грешка на Велс.

Меѓутоа Велшаните успеаја да се спасат во последните секунди кога Брукс искористи шанса и го совлада Димитриевски со многу среќа. После овој гол дојде и крајот на натпреварот, на општо разочарување на повеќе од 23.000 гледачи на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија го освои четвртиот бод во квалификациите, исто колку што има и Велс.

ФОТО: ЕКИПА.МК