УЕФА на денешниот состанок одлучи сите натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Нации да бидат одложени.
И натаму не е познато кога ќе се играат, но ќе биде формиран еспертски тим кој ќе одлучува кога ќе се играат мечевите од елитните натпреварувања, како и од домашните првенство во најдобрите пет првенства во Европа.
Тоа значи дека Македонија – Косово ќе биде одложена, а нареден можен термин ќе биде јуни 2020, се разбира доколку се смири ситуацијата и доколку има можност. Доколку и тоа не е возможно, тогаш најверојатно ќе се игра идната година.
Европското првенство кое требаше да се игра оваа година, е одложено за наредната 2021 година.