Македонија одигра нерешено 1:1 против Бугарија во Разград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 против Бугарија, во првиот натпревар во новиот циклус на Лигата на Нации. Македонија по првиот дел имаше негатива, а во вториот дел стигна до израмнување. Македонската селекција имаше повеќе од играта и од шансите, а Бугарите стигнаа до гол од единствениот удар по голот на Димитриевски.

Десподов во 13. минута по една убава акција на Бугарија, донесе водство за Бугарија. Во првиот дел за Македонија шанси имаа Барди и Елмас, но не го најдоа патот до мрежата, па на полувреме се замина со негатива.

Во второто полувреме, во 50. минута дојдовме до израмнување. Топката стигна до Милан Ристовски кој од добра позиција го совлада Михајлов за 1-1.

До крајот на мечот најдобрата шанса ја имаше Алиоски, но неговиот удар беше одбранет од бугарскиот голман, и не дозволи пресврт.

Во финишот од мечот и досуден пенал за Бугарија, но откако судијата гледаше ВАР снимка, го поништи и досуди само корнер.

Следниот меч на Македонија е против Гибралтар на гости во недела.