Македонија рамо до рамо со сојузниците – Османи: Ние сме НАТО не е веќе само обична парола, ова е реалност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мотото ‘Ние сме НАТО’, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО. Да се биде на масата на најмоќната организација во светот, е историски чин за секој од нас. Ваква порака испрати Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамките на денешното прво присуство на Република Северна Македонија, на масата на Алијансата како полноправна членка.

„Да се биде рамноправен со 30-те најмоќни во светот не е само лична сатисфакција, туку гордост за сите наши граѓани. До сега за нашите прашања се разговараше на состаноци на кои информациите ги дознававме од нашите колеги. Денеска сме на масата, учествуваме и јасно ги претставуваме нашите ставови за случувањата во светот.“, вели Османи.

Османи потенцира дека Македонија денес е дел од транс-атлантското семејство на држави каде што стои рамо до рамо со ннеговите сојузници.

“Одлична можност, тука од Брисел, од седиштето на НАТО, да ја пренесеме пораката не само што членството во НАТО ја смени нашата позиција во меѓународната политичка и безбедносна арена, туку ја смени улогата на НАТО во регионот. Денес ја исцртуваме нашата идна историја, го остваруваме сонот на голем број генерации пред нас, кој што работеле безбедна, стабилна и просперитетна иднина.“, вели Османи.

Денеска за прв пат во НАТО на состанокот дојде и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

„Дојдов овде за да ја изразам цврстата посветеност на Соединетите држави кон таа Алијанса, која е камен темелник на мирот, просперитетот, стабилноста на трансатлантската заедница повеќе од 70 години. И дојдов во Брисел затоа што Соединетите држави сакаат да ги обноват нашите партнерства. Прво и најважно, со нашите сојузници на НАТО. Ние сакаме да ја ревитализираме Алијансата, да се осигураме дека е силна и ефикасна против заканите на денешницата, како и порано“, изјави Блинкен.

Северноатлантскиот Совет на Министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО се одржува денес и утре во Брисел, за прв пат после една година со физичко присуство поради пандемијата КОВИД19. На состанокот посветен на агендата ,,НАТО 2030“треба да се дефинира геостратешката улога на алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици а не е исклучено да се донесат и неколку одлуки поврзани со оваа платформа.