Македонија само со фудбалери во Амстердам, ќе нема новинари, делегација од ФФМ, ниту навивачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Македонската фудбалска репрезентација на 21 јуни против Холандија ќе игра без поддршка од трибините. Тоа стана јасно откако холандската амбасада во Скопје преку својот Твитер налог соопшти дека мерките во нивната земја за забрана за патување од трети земји, надвор од ЕУ, остануваат на сила.

Поради пандемијата со коронавирусот забранет е влез од земји со висок процент на заразени, а на таа листа се уште се наоѓа нашата држава. Сепак, новина е тоа што во Амстердам од Букурешт ќе патуваат само фудбалерите и стручниот штаб. Сите претставници на Фудбалската федерација, но и новинарите акредитирани да ги следат натпреварите, ќе се вратат дома.

Од ФФМ потврдуваат дека авионот на 18-ти јуни од Букурешт наместо за Амстердам ќе полета за Скопје. Секако, оваа одлука останува се до последен момент, односно доколку холандската влада не ја смени одлуката, а веројатноста за такво нешто е мала.