Македонија доби нов напаѓач, Елмин Растодер од швајцарски Тун на списокот на Милевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Елмин Растодер, кој игра за швајцарски Тун е новото име на списокот на селекторот на фудбалската репрезенација на Македонија, Благоја Милевски. Тој се најде на списокот на повиканите фудбалери за пријателскиот меч против Саудиска Арабија на 4-ти септември во Прага, како и за мечот против Лихтенштајн на 7-ми септември во Скопје, во рамките од квалификациите за пласман на СП. Покрај Растодер, дебитант е и Решат Рамадани од Шкендија.

Инаку, Растодер игра во швајцарски Тун, а претходно настапувал за Грасхоперс, Цирих и Вадуз. Има 23 години, висок е 191 сантиметар. Роден е во Швајцарија, а неговиот татко потекнува од Скопје.

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)

Селекторот Благоја Милевски ги искажа очекувањата од двата натпревари.

„Против Саудиска Арабија ќе пробаме некои нови тактички варијанти, и ќе добијат шанса оние кои помалку играа. Против Лихтенташјн можеби не очекува најтешкиот меч во квалификациите. Нема да билдаме гол разлика. Напротив, Лихтенштајн е една сериозна репрезентација. Не е важно колку и како ќе победиме, најважни се трите бода“, изјави Милевски.

„Решат Рамадани мислам дека има квалитет за репрезентацијата, додека со Растодер очекувам да ја зголемиме конкуренцијата во нападот“, рече Милевски за двете нови имиња.