Репрезентацијата пристигна во четвртокот, а имаше два полесни тренинзи за адаптација. Теренот на кој ќе се одигра натпреварот е со вештачка трева, па од тимот се надеваат дека тоа нема да биде проблем. Покрај теренот, и временските услови се исто така многу различни. Додека во Скопје пред тргнувањето температурата беше на 30 степени, во Торшавн темпетарутата е до 10 степени.
Благоја Милевски во последен момент остана без Милан Ристовски и Александар Трајковски, кои откажаа поради повреди, па селекторот реши да го повика Марио Илиевски.
-Сметам дека атмосферата е многу добра, поинаку е од претходно. Овој пат имаме играчи кои направиле големи трансфери кои носат нови енергии и сила за да ни помогнат за да го дадеме максимумот во овие натпревари кои не чекаат. Утре нема да бидат прифатени жалби. Како што е за нас теренот несоодветен и за противникот е исто, вели Енис Барди, фудбалер.
Со Македонија, покрај Фарските острови во иста група се Ерменија и Летонија.
Натпреварот Фарски Острови-Северна Македонија се игра во сабота во 15:00 часот. Инаку вечерва Косово ќе се соочи со Романија, а Албанија во сабота ќе игра против Украина.
