Убедлива победа на македонската фудбалска репрезентација вечерва во дуелот со Лихтенштајн, во 2. коло во квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година.
На крајот победа од 5:0, со еден гол во првиот, и дури четири во вториот дел.
Предноста во првиот дел ја донесе Енис Барди од слободен удар. Истиот играч ја погоди и пречката.
Во вториот дел во 51. минута Трајковски донесе 2:0 по добрата акција од левата страна, а потоа истиот играч зголеми на 3:0.
4:0 беше во 62. минута кога Елмас погоди по асистенција на Несторовски. Несторовски од пенал зголеми на 5:0 што беше и конечен резултат на мечот.
Во среда Македонија гостува на Германија во 3. коло од квалификациите.
