Облечени со црвено жолта боја доаѓаа од сите страни на стадионот.
Националната арена на Букурешт полека се полнеше со навивачи.
Импресионирани од стадионот но и возбудени за натпреварот, навивачите од Македонија беа најгласни на трибините. А за да го проследат натпреварот, на стадионот беше и дел од владиниот кабинет, премиерот Заев и министрите Османи и Бектеши.
Натпреварот почна, но не се одвиваше како што треба. Австријците дадоа гол со Стефан Лајнер на 18 минута. Но црвено – жолтите се вратија во игра. По грешката на голманот на противниците, Пандев изедначи со 1-1.
Овој гол ќе влезе во историја како првиот гол на Македонија во Европско.
Тимот изгледа потроши многу енергија во првото полувреме, затоа во второто полувреме ни дадоа 2 гола. Гол дадоа Грегориш и Анаутович.
Во другиот натпревар на Групата Ц Холандија ја порази Украина со резултат 3-2. Македонија следниот натпревар ќе го одигра во четврток 17 јуни, против Украина.
ГРУПА Ц
АВСТРИЈА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 3-1
ХОЛАНДИЈА – УКРАИНА 3-2
