Македонија вечерва против Словенија – Седлоски со неколку промени во составот, се атакува на прва победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот ќе се соочи со Словенија, во рамките од второто коло од новиот циклус од Лигата на нации.

На официјалната прес конференција, селекторот Гоце Седлоски најави неколку промени во составот, во однос на оној против Швајцарија во Скопје на кој бевме поразени со убедливи 3:0.

Столе Димитриевски е неприкосновен на голот, но се очекуваат промени во одбранбениот ред. Се очекува шанса да добијат Стојчевски, Мелиќи и Аломеровиќ.

Во средниот ред се очекува да играат Атанасов и Елези, заедно со Барди и Елмас, додека во нападот се очекува да бидат Димитар Митровски и Азер Омеровиќ.

И Словенците се под притисок. Тие одиграа 0:0 на домашен терен против Шкотска и вечерва сакаат да стигнат до првата победа. Но, истата цел ја има и Македонија.

-Треба да освежуваме, нормално дека не може да се издржи темпото вторник-сабота натпревари, мора да има освежување во составот, ќе има освежување и во нападот, вели Гоце Седлоски, селектор.

-Знаеме дека не одифгравме еден најдобар натрпевар, знаеме дека цврстината во дефанзивата, желбата и волјата не беа на високо ниво кај нас играчите. Го решивме тоа, имаме нов натпревар. Мораме тоа да го оставиме зад нас, затоа што немаме избор, вели Столе Димитриевски, репрезентативец.