Македонски Брод, најмалиот град во Македонија, напуштен од младите, без перспектива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е булеварот во Македонски Брод, најмалиот град во Македонија.

А, ова е градскиот плоштад.

Како во многу други градови така и од овде младите масовно го напуштаат градот. Жителите се жалат дека нема перспектива за живот.

Македонски Брод брои околу 5900 жители според пописот на населението во 2021, има 51 село, а повеќето од нив се сосема напуштени или со многу мал број жители.