Македонски државјани војуваат за Русија?! – Владата без официјални податоци! Дали ова е руска пропаганда?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Судоплавскиот баталјон очекува доброволци од Европа“, ова е насловот на Руската државна новинска агенција од каде тврдат дека меѓу доброволците има и Македонци кои се подготвени да се приклучат на војната против вооружените украински формации.

Но, во својата изјава, војникот од овој баталјон, Андерј Родианов не потврдува такво нешто.

„Има голем потенцијал, имам многу поддржувачи кои го делат истото мислење со нас во Европа: во Србија, Полска и Македонија, и сега прашањето е дали овие луѓе ќе дојдат кај нас. Во иднина, можеби ќе имаме поголемо проширување“, вели Андреј Родианов.

Во оваа замка паднале и многу домашни портали кои во последно време објавуваа дека државјани на Северна Македонија се приклучуваат на руските воени формации. Такво нешто негираат од Владата.

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Златко Апостолоски во телефонски разговор за ТВ21 рече дека:

Апостолоски додава дека Руската новинска агенција пласира одредени податоци за учество на наши државјани во војна, но без конкретни податоци.

Со измените на Кривичниот законик во 2014 учество во странски војски и терористички организации како и регрутирање и обука на лица за учество во странски војски, се смета за кривично дело.

„(3) Државјанин на Република Северна Македонија кој спротивно на закон учествува во или се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на Република Северна Македонија, ќе се казни со затвор од најмалку четири години“.

Според податоците на Владата на РСМ, за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации се осудени вкупно 40 лица од кои 16 издржуваат казна затвор а 24 од нив ја одлежале казната.