Македонски државјанин обвинет за силување во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државното обвинителство во хрватскиот град Шибеник, поднесе обвиниение против македонскиот државјанин А.М. (28) од Куманово, поради силување и грабеж на државјанка на Венецуела која се занимавала со проституција.

Покрај А.М., приведен е и неговиот соучесник во грабежот, хрватскиот државјанин В.Д. од Задар. Обвинителството бара и тој да биде осуден бидејќи го сторил делото додека бил ментално неспособен и да му се наложи сместување во психијатриска установа.

Во обвинението се наведува дека на неодреден ден во периодот од средината на мај до средината на јуни 2025 година во Задар, откако ја запознал жртвата која се занимавала со давање сексуални услуги и со која имал секс за кој платил, започнал врска.

Неколку пати доаѓал во становите кои ги користела во Задар и ја терал да имаат сексуални односи, а кога таа одбила, и се заканувал дека ќе и наштети и дека ќе ја пријави во полиција. Користејќи го стравот, имал сексуални односи со неа без нејзина согласност во Задар и во Сплит, по што државјанката на Венецуела го пријавила случајот во полиција.