Македонски државјанин возел во спротивен правец на автопат во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници на Управата за сообраќајна полиција, кои го контролираат сообраќајот со пресретнувачи, на автопатот Белград – Ниш, кај Грочка, сопреле возило „фолксваген голф“ кое се движело по коловозната лента наменета за сообраќај на возила од спротивниот правец.

Според српските медиуми, возилото било управувано од 49-годишен државјанин на Македонија.

Од МУП велат дека против возачот е поднесена прекршочна пријава.