Македонскиот фудбал се простува од младиот Аган Асани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалската јавност во Македонија тагува по смртта на фудбалерот Аган Асани, за чија загуба информираа од Фудбалската репрезентација на Македонија.

Во објавата се наведува дека неговото заминување оставило голема болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на КФ Куманово.

„Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Изразуваме искрено сочувство до семејството Асани. Аган засекогаш ќе остане во нашите срца“, стои во пораката.

Од клубот и фудбалската заедница се простуваат од Асани со порака дека неговиот придонес и спомен ќе останат трајно запаметени.