Македонските фудбалери го одржаа првиот тренинг во Букурешт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг на Националниот стадион во Букурешт на кој в недела против Австрија од 18 часот го игра премиерниот натпревар на Европското првенство.

Македонските фудбалери претпладнево со чартер – лет пристигнаа во романската престолнина, која во следните десет денови ќе биде база на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020.

По воведниот дуел против Австријците во рамки на групата Ц, избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националниот стадион во Букурешт на 17 јуни играат против Украина, по што составот се сели во Амстердам за мечот против домаќинот Холандија на 21 јуни.

Европското првенство почнува во четврток со натпреварот меѓу Италија и Турција во Рим.