Македонските ракометари ја победија Романија во последната секунда на Европското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација ја победи Романија со 24-23 во третиот натпревар во групната фаза на Европското првенство, и ја запиша првата победа. Но, селекцијата и натаму е со речиси никакви шанси да обезбеди пласман во следната фаза.

Победата беше остварена буквално со гол во последната секунда на Костески, кој во последниот напад од крило се уфрли и успеа да погоди за триумф.

Македонија има три бода исто колку и Португалија, но Португалија има подобра гол разлика и меч помалку против Данска. За Македонија да оди во следната фаза, Данска треба да ја победи Португалија со 18 голови разлика, што е навистина тешко да се оствари.

Со овој триумф, Македонија ќе има полесен пат во баражот за пласман на Светското првенство идната година.