Поранешниот ракометен репрезентативец Горан Кузманоски започна кампања против коронавирусот со која ги предизвика и останатите спортисти да се вклучат активно во борбата против коронавирусот.
Тој на својот Фејсбук профил посочи дека отвориле наменска сметка за донации, а истите подоцна ќе бидат донирани за обезбедување на заштитни маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред.
Здраво на сите.Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста. Заедно со…
Здраво на сите.Борбата за здравјето е најважниот предизвик, најважната укакмица во нашите кариери.Заедно сме победиле многу натпревари, заедно сме добиле многу тешки битки, заедно ќе ја добиеме и битката со корона вирусот.Активно се приклучувам на иницијативата #Спортистипротивкоронавирусот.Отворивме наменска сметка за донации:Жиро сметка : 240577112287787 – Уни Банка Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.Да покажеме солидарност и хуманост.Оваа утакмица ја играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца.Затоа колеги спортисти да покажеме што значи тимска игра и заедно да донираме, да помогнеме.Сме победувале многу тешки противници, ќе го победиме и корона вирусот.Нападот на корона вирусот не може да ја победи нашата одбрана, одбрана на солидарност, заедништво, несебичност и хуманост.Заедно ќе го победиме корона вирусот, затоа што само заедно МОЖЕМЕ!
Коронавирусот е противник кој мора да се наттрча, натскока, тактички надмудри и на крајот убедливо да сѐ – победи. Ова е заедничка борба на сите нас, во која активно се вклучуваат и кошаркарите, тренерите, управата и сите останати кои се дел од актуелниот шампион на Македонија и синоним за македонската клупска кошарка на европска сцена, МЗТ Скопје Аеродром.Нашиот клуб активно се приклучува на иницијативата #СпортистиПротивКоронавирусот, која веќе отвори наменска сметка за донации: Жиро сметка : 240577112287787 – Уни Банка. Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитни маски и опрема за здравствените работници, кои се во првиот одбранбен ред, како и за обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.Да покажеме солидарност и хуманост.Овој натпревар го играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца. Знаеме што значи тимска игра и сигурни сме дека со заеднички сили ќе го победиме и коронавирусот.