„Македонско најдобро“ – Кампања за домашни земјоделски производи!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, ја започна кампањата „Македонско најдобро: Нашата традиција, нашата гордост“, која има за цел да го промовира и зајакне домашнато земјоделско производство.

Тој исто така истакна дека споредувајќи ги првите 5 месеци од 2024 година со првите 5 месеци од 2025 година, е забележан раст од над 50 проценти во секторот на извоз.

„Да ја зголемиме и зајакнеме домашната земјоделска производња, да обезбедиме благосостојба за руралните средини, да ја зголемиме свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните и преработени земјоделски производи, како и да овозможиме полесен пристап на нашите граѓани до домашните земјоделски производи.“, порача Цветан Трипуновски.

Министерот информираше дека е формирана работна група која ќе ги анализира ефектите од субвенциите.

„Првичните анализи покажуваат дека причините за падот на производството не се само субвенциите, напротив, тие се момент на поддршка за земјоделците. Сепак, во последните години сме сведоци дека Владата и Министерството не ја ставиле земјоделската производња како приоритет. Ние како Влада ги исплативме сериозно задоцнетите субвенции кон земјоделците, во моментов ги служиме сите субвенции што се во рок, и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина.“, вели Цветан Трипуновски.

Покрај тоа, Трипуновски соопшти дека е креирана дигитална платформа makedonskonajdobro.mk, каде можат да се регистрираат земјоделците, земјоделските кооперативи, преработувачите како и продажните центри, додека граѓаните ќе можат лесно да ги најдат и да се информираат за домашните производи.