Македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На свечена церемонија со кревање на знамето на Северна Македонија, вчера во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Како дел од свечената и церемонијална завршница на стапување на земјава во полноправно членство во НАТО, истовремено беа подигнати три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД. Церемонијата на подигнување на знамето се одржа симултано во исто време и во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Знамето пред седиштето на НАТО беше кренато додека се интонираше химната на Република Северна Македонија.

Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО во Брисел

Покрај седиштето на НАТО во Брисел и во главната команда во Монс, македонското знаме беше кренато и во командата на НАТО за трансформации во Норфолк, САД

Gepostet von TV21 am Montag, 30. März 2020