Макрон: Франција ќе ја победи Полска со 3-1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон прогнозира дека Франција ќе се пласира во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар со победа над Полска од 3-1.

„Мислам дека ќе победиме со 3-1. Левандовски ќе даде еден гол, а Мбапе и Жиру ќе дадат кај нас“, рече Макрон.

Макрон додаде дека Франција има многу цврст тим и дека третиот гол според него третиот гол ќе го даде играч кој ќе влезе од клупата.

Францускиот претседател рече дека после секој натпревар за Франција, имал телефонски разговор со селекторот Дешамп за кој рече дека го цени неговото искуство и знаење.