Франција не сака да биде вовлечена во војна со Иран , изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон откако еден француски војник беше убиен, а шест други беа ранети во напад со беспилотно летало во Ирак.
„Франција не е во војна со Иран и ќе продолжи да дејствува „претпазливо, мирно и решително“, рече тој.
„Во врска со „тековниот конфликт, Франција дејствува исклучиво дефанзивно“, додаде Макрон.
По нападот во близина на Ербил во северен Ирак вчера вечерта, француската војска ги анализира сите факти и околности, рече Макрон.
Според него, француските војници биле нападнати „додека се бореле, како и во изминатите години, како дел од меѓународната коалиција против тероризмот во регионот и во служба на ирачкиот суверенитет. Ова, секако, е неприфатливо“, рече тој.
Сè уште не е познато кој ја нападнал базата што ја користат Французите, на 40 километри југозападно од Ербил.
Ашаб ал-Каф, проиранска вооружена група, објави на Телеграм дека ќе ги нападне „сите француски интереси во Ирак и регионот“, откако Париз го испрати својот носач на авиони Шарл де Гол таму.
