Макрон ги нарече царините на Трамп форма на „уцена“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека царините што ги наметнуваат моќните земји честопати се форма на „уцена“, а не инструменти за ребалансирање на трговијата.

„Мораме да ја вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините, кои се дизајнирани од најсилните и кои често се користат како инструменти за уцена, а никогаш како инструменти за ребалансирање“, рече Макрон на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља, пренесува Ројтерс.

Тој повика на поддршка и преиспитување на Светската трговска организација, за да се усогласи со целите за борба против нееднаквоста и климатските промени.