Макрон ја отфрли идејата за оставка, денеска парламентот гласа за доверба на владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за негова евентуална оставка, со оценка дека повиците за негова оставка ја претставуваат „политиката на фикцијата“, додека француските пратеници попладне се подготвуваат да гласаат за доверба на владата, објавија денеска француските медиуми.

„Тоа нема смисла … Денеска стојам пред вас затоа што двапати сум избран по волја на францускиот народ“, рече Макрон, кој е во посета на Саудиска Арабија, пренесува телевизијата БФМ.

Во последните денови, многу партиски политички функционери повикаа на оставка на Макрон – од оние од екстремно десничарскиот Национален собир (РН) до оние од екстремната левичарска Неосвоена Франција.