Уште не пристигнат, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги разбранува страстите на глобалните лидери на официјалниот старт на Светскиот економски форум во Давос. Елитниот собир со рекорден број на шефови на држави и извршни директори на најголемите светски компании кој годинава е под мотото „Дух на дијалог“ засенет од Трамп и вербалните војни, закани за царини и санкции околу Гренланд.
Трамп сега го нападна францускиот лидер Емануел Макрон поради одбивањето на поканата да ја поддржи неговата најнова мировна иницијатива „ Комитет за мир“.
Се закани дека ќе воведе 200% царини на неговите вина и шампањска. Рече него никој не го сака.
„Ќе ставам царина од 200% на неговите вина и шампањска и тој ќе се придружи“, рече Трамп.
Трамп објави СМС-порака од својот француски колега во која Макрон го поканува Трамп на вечера во Париз во четврток. Макрон, исто така, предложи средби со Украина, Сирија, Данска и Русија за да се разгледаат низа прашања, вклучително и барањето на Трамп да го одземе Гренланд од Данска.
„Не разбирам што правите со Гренланд“, му вели Макрон на Трамп во текстот, кој беше потврден од француски функционер.
Одговорот експересно стигна од говорницата во Давос. За суверенитетот на полуавтономната Данска територија не се преговара. ЕУ ќе покаже целосна солидарност со Гренланд и планира масовно зголемување на инвестициите на островот, рече претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен.
„Безбедноста на Арктикот може да се постигне само заедно. Затоа предложените дополнителни царини се грешка, особено помеѓу долгогодишните сојузници. ЕУ и САД се согласија со трговски договор минатиот јули. И во политиката, како и во бизнисот – договор си е договор“, вели Урсула фон дер Лајен
Додека се упатува кон Светскиот економски форум во Давос, Трамп со низа спорови со европските лидери.Тој се закани на осум европски земји со царини поради спротивставувањето на неговите барања за Гренланд, ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир, а сега се обидува да ја принуди Франција да се приклучи на неговиот таканаречен „Одбор за мир“.
Тој утре ќе пристигне во Давос. Најавите се дека ќе го промовира неговиот Одбор за мир, а рече и дека ќе разговара за Гренланд со различни страни.
