Макрон најави 37 милијарди евра странски инвестиции во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе објави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери Франција“.

Макрон ги најавува инвестициите во време кога економијата на земјата се соочува со висок дефицит, слаб раст и потенцијални трговски тензии со САД. 

Најголемиот дел од оваа сума, околу 17 милијарди евра, веќе беше објавен на специјалниот самит за вештачка интелигенција што се одржа во февруари. Останатите 20 милијарди евра се однесуваат на нови проекти во Франција во областите на индустријата, енергетиката и дигиталната технологија, кои официјално ќе бидат презентирани денес во Версајската палата, пред собраните директори на глобални компании, пренесува „Блумберг“. 

Според информациите што ги објави „Фигаро“, меѓу најголемите инвеститори се германскиот „Сименс“, јапонскиот „Панасоник“, американскиот „Амазон“, како и „Сауди Арамко“ , кој планира да инвестира во истражување на еколошки горива во Франција.