Макрон: Пред нас се 90 дена неизвесност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот рече дека одлуката на Доналд Трамп да ги суспендира тарифите што претходно ги наметна на други земји за 90 дена, носи само „кревка пауза“.

„Делумното суспендирање на американските царини на 90 дена испраќа одредена порака и ја остава отворена вратата за преговори. Но, овој одмор е кревок“, напиша Макрон на платформата Х.

„Кревка, бидејќи царините од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили и оние од 10 отсто за сите други производи сè уште остануваат на сила. Тие претставуваат 52 милијарди евра за Европската унија! Кревки, бидејќи тие 90 дена значат 90 дена неизвесност за сите наши компании, од двете страни на Атлантикот и пошироко“, додаде тој.