Макрон: Сигурен сум дека Трамп ќе реагира на „цинизмот“ на Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека е сигурен оти претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе реагира на, како што наведе, „цинизмот“ на рускиот претседател Владимир Путин по новиот напад со руско беспилотно летало врз Украина.

Макрон ова го изјави неколку часа откако украинските медиуми објавија дека руските вооружени сили пукале во автобус во северна Украина, при што загинале девет лица, а четворица се повредени.

„Наспроти цинизмот на претседателот Путин, верувам, дури сум сигурен, дека претседателот Трамп ќе реагира, бидејќи се грижи за кредибилитетот на Соединетите Американски Држави“, рече Макрон денеска на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, пренесува БФМ ТВ.