Макс Верстапен ја одбрани титулата светски првак во Формула 1

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на хаотичната трка во Јапонија, која беше прекинувана на неколку пати поради силниот дожд. Верстапен заврши пред Шарл Леклер за повеќе од 25 секунди, додека трет беше Перез, но поради казната на Леклер од пет секунди, на Перез му беше доделена втората позиција.

Верстапен со оваа победа ја одбрани титулата светски првак во Формула 1.

Трката почна со задоцнување поради дождот, а прекината беше веќе во првиот круг. Откако се појави црвено знаме после излетување на Карлос Саинц, после кое дојде до хаотични сцени. Возачите најмногу беа вознемирени што на патеката излезе кран кој го тргаше болидот на Саинц, а притоа возачите не биле известени за ова. Така Пјер Гасли избегна опасен судар со кранот, по што потоа беше лут на оваа ситуација.