Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат – прва класа треба да има 7%, но сега истиот оди до 30!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешното емитување на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Тони Mаксимов од националната мрежа на земјоделци, вели „кај нас во оризарството е битен квалитетот, секоја цена ќе зависи од квалитетот на оризот“.

-Кај нас во оризарството е битен квалитетот. Секоја цена ќе зависи од квалитетот на оризот. Ние имаме три квалитети на ориз, меѓутоа за жал во економијата, во трговската мрежа се продава исклучиво од еден бренд само како кочански и цените се движат онаму кадешто трговците ќе најдат најголема заработка. Иначе, ние како производители бидејќи сме производители на ориз не сме трговци работиме под производната цена, производната цена моментално е најниска до сега што може да биде во производство а за жал кога ќе видиме во маркетите цените се многу повисоки, вели Максимов во „Бизнис21“.