Максути: „Ер тракторите“ две години не се сервисирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека најверојатно до крајот на неделата ќе има првичен договор со некој од операторите кој ќе ги исполнува условите да ги сервисира канадерите, кои не беа вклучени во гаснењето на пожарите токму од причина што не се сервисирани.

Тој додава дека во најдобар случај сервисирањето би траело од 30 до 40 дена, додека пак, можно е првиот од трите канадери да биде во функција и за пократко.

„Нашите воздухоплови се од типот ЕР-Трактор, се од помала верзија на авиони што се наменети на пожар и не се сервисирани од ланската година. Постапката оваа година е започната навреме , на двапати е обжалена  и на крајот имаме побарано  од Бирото за јавни набавки да се оди со преговарање  иамме согласност и веќе процедурата е во тек“.