Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека опремата е предизвик, но не и најголем проблем.
Тој вели дека приоритет треба да се стави на свеста на граѓаните.
„Приоритет треба да се стави на свеста и на контролата поради тоа што, според сите показатели, ова се подметнати пожари. Или се намерно подметнати или се избувнати од невнимание на човечки фактор“, вели Максути.
Директорот порачува дека во ваквите топли денови треба што почести патролирања, па и на крајот казни за сите тие кои ќе ја прекршат дел од забраната за движење по шуми.
Во продолжение целата изјава:
